Во секоја нормална држава Владата на Зоран Заев би морала да падне барем три или четири пати, и тоа само во последните четири-пет месеци, вели политичкиот аналитичар Арсим Зеколи во изјава за српски „Данас“.

И тоа не поради (не)добивањето повик од ЕУ, туку поради досега најголемите скандали во историјата на независна Македонија, како што се компромитацијата на Специјалното обвинителство и директната вмешаност на соработници на Заев, па и тој лично. Негативниот став од Брисел е, сепак, виша сила, што не може да се каже за криминалните и корупциски скандали на неговиот кабинет, вели Зеколи.

Според поранешниот македонски амбасадор, iздвојувањето на Македонија од Албанија поради промената на името е јасен политички критериум што не го зема предвид тоа што Владата на Заев не исполни никакви реформи.

Македонија и Албанија се првите жртви на „Брегзит“, бидејќи Париз очигледно смета дека излегувањето на Британија од ЕУ отвора можност за јакнење на неговата позиција на Балканот во однос на Германија, на Британија и на САД, смета Зеколи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.