Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски се обрати на одбележување на 81-годишнината од нацистичкиот погром против Евреите, познат како „Кристална ноќ“, во знак на сеќавање на трагичната историја, но и потсетување за придонесот на храбрите граѓани кои спасувале Евреи за време на војната.

-Вообичаено ние ги одбележуваме крупните годишнини од настаните. На пример, годинава се навршуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид и 75 години од истоварувањето во Нормандија. Но, постојат и трагични настани на кои треба да се потсетуваме секоја година за да не ни се повторат. Затоа Институтот за духовно и културно наследство на Албанците денеска ја одбележува 81-та годишнина од „Кристалната ноќ“. Поради историска иронија, 9 ноември е истовремено еден од најсветлите и најтемните датуми за Германија и за Европа. На овој ден е прогласена Вајмарската Република, но и извршен неуспешниот пуч на Хитлер. И, ако на 9 ноември 1922 година Германија се гордеела со Ајнштајновата Нобелова награда, веќе на истиот датум во 1938 година нацистичкиот режим организирал погром врз Евреите познат како „Кристална ноќ“, истакна Пендаровски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.