Во интервју за неделникот „Република“ на Љупчо Цветановски, публикувано во март 2013-та година тогашниот дисидент на СДССм, обвинет за тежок криминал со тенковски делови за верувале или не бугарски тенкови, Владо Бучковски изразуваше својата силна верба во безрезервно бугарско „пријателство“:

Република: Како го толкувате спорот со Грција и прашањето на името, кое стана и е неизоставен дел од изборната реторика, иако воопшто не соодветствува на тематиката на локалните Избори. Што очекувате во преговорите со официјална Атина, има ли простор за некакви посериозни поместувања?

БУЧКОВСКИ: Прашањето за името е тема околу која мора да се постигне национален консензус, време е по локалните избори да се исцртаат нашите црвени линии, затоа што јас лично очекувам на есен да се создадат предуслови за организирање на Референдум за евентуалното заедничко прифатливо решение помеѓу нас и Грците.

Република: Како ги оценувате односите со Бугарија и т.н. Договор за добрососедство, чија реализација во моментов е во прекин поради предвремените избори во соседната земја?

БУЧКОВСКИ: Односите со Бугарија, по последната неформална средба на Груевски и Борисов очекувам да влезат во една нова позитивна етапа. Јас се надевам, независно од изборните резултати на предвремените избори во Бугарија, дека ние во Бугарија ќе добиеме еден од најсилните сојузници на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Убеден сум дека недоразбирањата кои беа манифестирани во последната година се минато! Вели Бучковски во март 2013-та за „Република.“

Во изјава, повторно за „Република“ два месеци подоцна, во мај 2013-та, Бучковски негира дека стартот на неговата иницијатива и во меѓувреме пропадната идеја „Граѓанската Алијанса за Позитивна Македонија“ зависи од случувањата во СДСМ и цени дека го чека конечниот исход на изборите за нов претседател (Зоран Заев) на екс Бихаќка за да ја формира неговата Алијанса. Повторно, Бучковски зборува за Бугарија како најголем сојузник за ЕУ.

БУЧКОВСКИ: Граѓанската Алијанса за Позитивна Македонија веќе е реалност. По петмесечни подготовки и разговори со стотици истакнати и афирмирани наши граѓани се подготвува промоцијата за втората половина на јуни. Десетина тимови веќе работат на главните проекти со кои ќе се претставиме на Македонската јавност. Преокупирани сме со проекти кои ќе понудат решенија за справување со невработеноста (Проект за отварање на 100 000 нови работни места во аграрот за период од 5 години), за подобрување на конкурентноста на македонската економија, проект за развој на недоволно развиените подрачја во нашата држава… Овие три проекти се дел од централната тема која ја обработуваат нашите експерти , Како да се справиме со „белата чума“ и масовното иселување на нашите сограѓани. Потоа го подготвуваме проектот за јакнење на соживотот и толеранцијата помеѓу нашите сограѓани и Проектот за добрососедските односи, со посебен акцент како Бугарија да стане наш сојузник на патот кон НАТО и ЕУ. Од завршувањето на дел од овие проекти зависи кога точно ќе биде промоцијата, а не од тоа кога е Конгресот на СДСМ, цени „случајно“ Бучковски уште во 2013-та.

Денеска, повторно „случајно“ на крај на работното време, „тенкистот“ Бучковски, кој во време на ВМРО-ДПМНЕ исто така „случајно“ плукаше по Црвенковски, а сега му повладува на Заев кој преку своето „ТРАС-ТАРС“ Кацарска судство го поништи случајот и мега-аферата со купените „ТЕНКОВСКИ ДЕЛОВИ“, тешка милиони и изведена токму од Бугарија, е назначен за специјален претставник за Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.