Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека издал само едно решение за самоизолација, по епидемиолошката анкета на лицата кои изминатите денови биле во контакт со министерот Оливер Спасовски.

Од епидемиолошката анкета со министерот Спасовски, оценето е дека само за едно лице постои ризик од среден, односно од висок степен на загрозеност – изјави директорката на ДСЗИ Ирина Бухова Сотирова на прес-конференција во Владата.

Со оглед на тоа што тие не го открија идентитетот на лицето, станува збор за сопругата на министерот Спасовски, објави Фокус.

Пред два дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку социјалните мрежи објави дека е позитивен на ковид-19 и дека има благи симптоми на болеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.