Денешното сведочење на обвинителот Рустеми е многу битно за судбината на Катица Јанева и за тоа дали и таа ќе биде осомничена или наскоро можеби и обвинета во мега скандалот „Рекет“? Порталот „Магазин“ дојде до документи кои откриваат многу детали за случајот на плаќање „Рекет“ од 233.000 евра од фирмата „Дрим Билдинг“, управувана од Ардијан Амзоски, зет на Фијат Цаноски, фактурирани на име на Јасна Мандиќ, еден од основачите на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Според изворите на порталот, за целата оваа ситуација добро бил запознаен и обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, бидејќи истиот е дел од тимот на обвинители на Катица Јанева кои прво, на 13 октомври 2017 донеле решение за воспоставување на стварна надлежност врз предметот на ОЈО-Скопје кој се водел против Ардијан Амзоски и „Фине ДОО Скопје“, а само по две недели, на 26 октомври 2017 година, донесле решение за запирање на кривичната постапка против Ардијан Амзоски за објектот „Космос“.

Накратко, изгледа дека зетот на Фијат Цаноски со 233.000 евра си го платил непродолжувањето на судскиот случај против него, а за чие запирање клучен бил потписот на обвинителката Јанева, пишува „Магазин“.

Повеќе на „Магазин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.