Со новиот ковид-оддел на гинеколошкопто одделение, прилепската болница  се вбројува во врвот на општите болници во државава со најмногу слободни места за хоспитализација на пациентите со Ковид-19. Хоспитализирани се 110 пациенти, за жал постојано пристигнуват нови, но располага со 30 слободни кревети и пациентитте се примаат без особени ограничувања.

Како што објаснува инфектологот Мирјана Крстеска, раководител на инфективното одделение, во моментов имаат можност за хоспитализација и нега на пациентите.

– Во моментов се хоспитализирани 106, се примаат нови и бројката е до 110, а на располагање се 140 болнички кревети. Заедно со новиот Ковид-центар кој е на гинеколошкото одделение, сосема одвоено од акушерскиот оддел. Со тоа малку се разлабави работата за да може да примаме пациенти. Во моментов имаме 30 слободни кревети.  Може да примаме пациенти без некои ограничувања, изјави Крстеска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.