Непречено и без проблеми се одвива гласањето во Прилеп на болните и изнемоштени лица. Пријавени се 489 болни и изнемоштени.

На избирачкото место во домот за стари лица „Киро Крстески Платник” првпат гласаат само пријавените штитеници од домот. Дислоцирано е гласањето на граѓаните за поголема заштита на старите лица од Домот. Во домот се 126 штитеници, за гласање се пријавиле 44-ица и се од 17 општини од земјава.

Според Зоран Пешоски, заменик-претеседател на избирачкиот одбор се гласа непречено. До пладне половината од пријавените 44-ица гласале половината.

Пријавените 44-ица гласачи од Домот се од 17 општини. Се гласа според протоколите. Им даваме заштитна маска, се прави дезинфекција и се почитуваат сите мерки за заштита. Гласањето се одвива непречено, вели Пешоски.

Станка Миленкоска и Петре Петрушески, станари во Домот, велат дека заштитено и добро ги поминуваат деновите со уште 124 штитеници во прилепскиот дом за стари лица. Не се чувствуваат осамени. Особено стресни, истакнуваат, се овие месеци со пандемијата. Го оствариле своето право на глас на првото избирачко место.

Се чувствуваме заштитено. Немаме контакти со надворешни лица. Сѐ што ни треба ни набавуваат. Се дружиме. Уште изутрината го остварив своето право на глас и тоа е за младите, ние речиси сме го поминале животот, вели 73-годишната Миленкоска.

Гласав, го оставрив своето право. Овде е добро, го навикнав животот, вели Петре Петрушески.

Денеска своето право на глас го остваруваат и 70 болни и немоќни лица од општина Кривогаштани, 68 лица од општина Долнени и 190 болни и немоќни лица од општина Крушево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.