По објавата на последниот извештај на Транспаренси интренешнл дека Македонија падна за 5 места на индексот за корупција, опозицијата бара оставка од цела влада.

Извештајот на Транспаренси Интернешнл ја потврди неспособноста на СДСМ. Денес Извештајот на Транспаренси Интернешнл објави дека Македонија се наоѓа на 111 место и има рекордно регистрирано ниво на корупција во историјата, а тоа е пад 45 места во време на владеењето на Зоран Заев. Со извештајот на Транспаренси Интернешнл СДСМ се потврдени меѓународни криминалци, велат во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Анализата на владеењето на различни коалициски партнери во Македонија во последниве 18 години покажува дека највисокото ниво на корупција се појавува кога на власт е коалиција од партиите СДСМ и ДУИ.

Македонија имала катастрофално ниво на корупција со владата на СДСМ и ДУИ од 2002 до 2006 а бројките кои се блиски на стотата позиција на ранг листата на “Транспаренси Интернешнл” се повторуваат и од 2017 наваму кога пак на власт се СДСМ и ДУИ.

Во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од 2008 до 2016 нивото на корупција е далеку помало од тоа кога на власт се СДСМ и ДУИ.

Првичната анализа на овие факти укажуваат на тоа дека ДУИ владее со СДСМ, не постојат системи за контрола, но и можноста СДСМ со својата корупција или непреземање мерки драматично да го зголемува нивото на корупција.

Мапата на ниво на корупција меѓу 2002 и 2020 на ДУИ му дава делумно право да тврди дека одговорноста за катастрофата со корупцијата е кај СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.