Според податоците за последната недела за имунизацијата во регионот, со најмногу вакцинирани лица на ден водат Романија, Грција и Србија. Само Македонија и Косово засега немаат ниту една вакцина, а ние, ниту датум кога ќе ги имаме.

За ова пратеникот Антонио Милошоски коментира:

Во регионот, доколку се земат последните 7 дена, најзабележителни резултати во имунизацијата на населението имаат Романија со 24-33.000 вакцинирани на ден, Грција со 16-18.000 и Србија со 15-30.000 вакцинирани граѓани на ден.
Македонија и Косово немаат вакцини, ниту започната имунизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.