Во последните 24 часа во Прилеп се регистрирани девет нови случаи на заразени со корона вирус.

Од Центарот за јавно Прилеп здравје информираат дека во овој период, како последица на Ковид-19, починале две лица на возраст од 54 и 78 години.

Бројот на активни случаи со Ковид-19 во градот изнесува 106. Од нив, 84 лица се наоѓаат на домашно, а 22 на болничко лекување.

Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 456.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.