Немам зборови со кои можам да упатам благодарност до пожарникарите од Бугарија, но и од Словенија, кои денес се упатени кон овој регион. Нема поголема надеж и помош кога гледаш дека огнот со неверојатна брзина ти се доближува до куќата“, ги споделува жител на Пехчево впечатоците и емоциите по минатата тешка и непроспиена ноќ.

„Состојбата не е под контрола. Целото месно население е вклучено во битката со огнот. Најтешко е кај Умлена и Робово, две густо населени села. Ако пожарот не биде запрен, ако го премине пехчевскиот атар, тогаш нема да запре до Симитли во Бугарија. Сите жителите се мобилизирани и ‘опремени’ со лопати и гребла, а градов не е опремен буквално со ништо. Треба да се знае дека Пехчево нема противпожарна служба, дека потребите ни ги покрива општина Берово која има еден камион-цистерна стар 40 години, еден нов, и два џипа. Тоа е се. Нека дојде инспекција да види како ни е опремено шумското стопанство. Немаат исправна опрема за гасење пожари. Имаат канистри кои не се исправни, дупнати се и тече вода од нив. Со нив никаква работа не може да се заврши при многу помали ризици, а камоли при стихии со вакви димензии“, објаснува жителот на Пехчево за Дојче веле.

Вели дека подрачните единици на „Македонски шуми“ таму немаат ни списоци со луѓе кои знаат да работат со моторна пила, кои би биле мобилизирани да прават шумски просеци (појаси) за спас од пожари од поголеми размери. Ниту пак некому му текнало да ги повика долгогодишните „тендерџии“ за сеча и влеча на дрвна маса, за барем сега да помогнат со нивна механизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.