Во собранието ќе се вработуваат нови луѓе, а дел од постојните ќе се унапредуваат со цел нивна поголема ефикасност и стручност. Според измените на Законот за собрание, кои денес беа изгласани во парламентот, ќе се формира и собраниски совет како стручно помошно тело на генералниот секретар на Собранието за да прави прецизна анализа за функционалноста на собраниските служби.

Токму овој парламентарен состав во заминување стави печат зашто направи основа за натамошно подобрување на Собранието, а консензуалноста за овој случај треба да биде пример во натамошното функционирање и уредување на системот во државата – рече спикерот Талат Џафери.

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека законот за Собранието е доказ дека низ дискусија и разговори се доаѓа до заеднички решенија за добро на сите.

Со донесувањето на овој Закон, сегашниот парламентарен состав ќе го заокружи својот мандат и ќе ја запечати досегашната заложба на Собранието да стигне до позицијата која му е определена со Уставот, до она за што постојано се залагало – да биде независна институција. Законот ги овозможува потребните махнизми за управување на Собранието независно кое мнозинство натаму ќе го предводи – рече Мицевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.