Во овие 100 дена што видовме? Го видовме истото што го гледаме изминативе 5 години, континуитет на неспособност, криминал, корупција. Ја гледаме истата онаа влада која нема никаков легитимитет, а ниту капацитет и авторитет да се справи со проблемите. Во Македонија има 4 кризни состојби, здравствена, енергетска, кризата со мигранти и топлинска. Тоа се 4 кризни состојби кои го цицаат македонскиот буџет и ја разрушуваат македонската демократија, изјави за „Што не е јасно“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Ковачки истакна дека од аспект само на корупција во овие 100 дена видовме како Јавното правобранителство излезе и кажа дека има докази поради поранешни обвинители од СЈО, а едниот е сега обвинител во Скопје, а имаше случај каде во центар на Скопје продадоа земјиште за 7 евра од квадрат, за градба на хотели.

– Во собрание се изгласа стратегија за борба против корупција чија имплементација треба да оди преку ДКСК која прави анализа на тоа што сега е сработено и достави извештај во кој вика дека од 111 активност и препораки за државни органи реализирани се само 22 во борба со корупција, рече Ковачки.

Тој додаде дека во овие 100 дена погледнете во делот со надворешната политика на секој чекор има понижување, коленичење, подготвени се да прифатат се за да се допаднат некому, додека во образованието гледаме и протести за повисоки плати на наставниот кадар.

– Протестите на граѓаните се реални, ако цените растат и над 100%, а платите не растат. Ја качија минималната плата и има ситуација во која наставник зема плата со 2-3000 денари над минимална што е понижувачки. Наставничкиот кадар е потценета професија од страна на власта и реални се нивните протести, изјави Ковачки.

Ковачки за економијата во овие 100 дена посочи дека се наоѓаме во должничко ропство, власта зема 900 милиони да си го прикрие криминалот и неспособноста.

– 900 милиони евра ако ги барате за развиј на државата тогаш е во ред да градиме инфраструктура, но кога власта ги бара да ги земе тие 900 милиони евра да ги покрие дупките во буџетот заради неспособност и криминал. Со 900 милиони евра може да се направат три автопати, Гостивар – Кичево, Од Велес, преку Прилеп до Битола, Штип до Делчево и бугарска граница или може со тие пари да се направат Чебрен и Галиште хидроцентралите, нов Клинички во Скопје, нагласи Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.