Поради позитивни ковид случаи или контакт со позитивни на вирусот во делчевската деветолетка „Ванчо Прке” онлајн настава следат 128 ученици. Како што информираше советникот за образование при Општина Делчево, Ванчо Новоселски, најголем дел од учениците кои следат онлајн настава се од четврто до деветто одделение.

Во ова училиште позитивни од прво до трето одделение има два ученика, од четврто до деветто одделение таа бројка изнесува седум ученици. Тука влегуваат и пет наставници, од кои двајца се во изолација, поради контакт со заразено лице, вели Новоселски.

 

Правилата, како што додаде, налагаат доколку има еден позитивен ученик, цела паралелка да оди во изолација, поради што во моментот има поголем дел ученици кои се во изолација.

Од таа причина во деветолетката „Ванчо Прке” имаме осум паралелки со 128 ученици кои учат од дома, односно следат онлајн настава. Тоа се 43 ученици од прво до трето одделение и 85 ученици од четврто до до деветто одделение, додаде Новоселски и посочи дека бројката може да варира, бидејки дел од позитивните излегуваат од изолација.

 

Тој напомена дека ситуацијата во деветолетката „Св.Климент Охридски” и гимназијата „Методи Митевски – Брицо” е стабилна. Во ООУ „Св.Климент Охридски” поради контакт со позитивни во изолација се четворица ученици и еден наставник, додека во гимназијата три ученика и еден наставник се во изолација поради контакт со позитивно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.