Во велешко Ораовец нема плакати на кандидатите за претседател, немало ниту пропаганден материјал, ниту еден политичар не ги посетил овие жители, но овде сепак се гласа и тоа во домот на Ангел Атанасов, објави Телма.

Училиште имало, но се урнало, полициската станица е затворена па куќата на Анѓел Атанасов е местото каде секоја година гласаат регистрираните гласачи.

Жителите овде и немаат големи очекувања од идниот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.