Гласањето на Локалните избори во Охрид и во Дебрца се одвива тековно, со одредени технички потешкотии кога се работи за идентификација на граѓаните со биометриските апарати.

До 13 часот во Охрид на гласање излегле 23,5 отсто од граѓаните со право на глас, додека во Дебрца излезноста е 29 проценти.

Кога станува збор за гласањето во Дебрца, во текот на изборниот процес поради техничка грешка на биометрискиот уред прекин на изборниот процес е регистриран на избирачкото место 1315 во Ново Село.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.