Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше гостин во вестите на Канал 5 телевизија каде истакна дека бројот на случаи расте и дека најмногу активни случаи во земјата во Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, но дека состојбата засега е сеуште стабилна.

Состојбата во земјава е стабилна нема драстично зголемен број на хоспитализирани пациенти кои се лекуваат во болниците. Вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови во државата, во салите се одвива ревакцинација, но голем е интересот и за теренска вакцинација која е во фокус целиот овој период. Досега се вакцинирани околу 510.000 граѓани а од нив 380.000 се веќе ревакцинирани. Процентуално 63% од населението над 70 години е вакцинирано, во секторот образование досега се вакцинирани околу 58% од вработените и околу 60% во градинките. Се надеваме дека до крајот на летото ќе имаме уште поголем процент на вакцинирани во воспитно – образовниот кадар како би можеле децата од септември да се вратат на училиште, изјави Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.