Метаморфозис и Вистиномер, организации финансирани од Фондацијата Отворено општество Македонија, вршат цензура на Фејсбук, во обид да ги прикријат вестите во кои се укажува на фактот дека Соросовата фондација и градот Скопје го финансирале скандалозниот Прв скопски извиднички одред. Тоа е она за кое вчера пишувавме откако беа избалени за лажни вести сите информации објавени околу финансирањето на Првиот скопски извиднички одред, организатор на кампот за секс едукација.

Се чини овој проблем го имаат сите портали кои објавуваат околу финансирањето на одредот и кампот кој крена многу прашина откако мајка го бјави пимото на своето дете кое побарало помош од психолог по два дена поминати на овој настан. И уредникот на Плусинфо, Бранко Героски се обрати на истата тема.

Како што веќе најавив токму на Фејсбук, имам намера сериозно да го поставам прашањето на одговорноста и на раководството на Соросовата фондација, на раководството на невладината организација ХЕРА, на раководството на град Скопје, но и на премиерот Зоран Заев, за шокантното поведение на извидничкиот одред, кој за учесниците организирал „игри“ со сексуална содржина, при што има сериозни индиции дека се вршени криминални злоупотреби на малолетници.

Во секоја нормална земја, еден ваков настан би добил сериозен медиумски третман, бидејќи цивилизираните народи се сензибилизирани за прашањето на сексуалните злоупотреби на малолетници, особено кога тие се вршат како лажна „сексуална едукација“. Во секоја нормална земја за вакви злодела се повикуваат на одговорност и сторителите, но и институциите кои биле должни да спречат тие да се случат.

Првиот скопски извиднички одред добил помош од Фондацијата Отворено општество Македонија. Точно е тоа дека помошта не била за проектот за „секс едукацијата“, туку за друг проект. Но, точно е и тоа дека бенефит од тој грант имала целата организација. Од тие причини, според строгите правила за доделување грантови (кои ми се многу добро познати), Соросовата фондација била должна да ги надгледува активностите на својот грантист. И кога веќе тоа не го правела како што треба, сега, кога е утврден голем етички и веројатно и законски прекршок на грантистот, најмалку што мораше да стори ФООМ е да го раскине договорот за грант, јавно да се извини и да вети дека во иднина нема да ја поддржува оваа организација.

Сите кои имале такви односи со Првиот скопски извиднички одред – како Град Скопје и ХЕРА – се должи да постапат на истиот начин. Додуша, Град Скопје се огради од активностите на секс-скаутите, но изостана извинување до јавноста. ХЕРА, пак, им држеше лекции на медиумите и на новинарите, наместо да се соочи со сопствената објективна одговорност.

Конечно, се засрамив од фактот што премиерот Зоран Заев денеска, неколку дена откако скандалот ја тресе Македонија, јавно изјави дека прв пат слуша за таа работа. Замислете, човекот од кого се очекува да бдее над судбината на нацијата, кој има најголема моќ а со тоа и најголема одговорност за општите состојби, изјавува дека прв пат слуша за скандалот – пишува Героски.

Скандалот со извидничкиот одред се одрази на кампањата на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој е повикан да одговори на прашањето зошто финансирал ваква опасна институција. Во својот одговор минатата недела, Шилегов не делуваше дека се кае, дури алудираше дека вакви настани ќе продолжат да се организираат велејќи „сметам дека е должност на институциите кај адолесцентите да вршиме сексуална едукација“.

Скандалот се одрази и врз Министерството за образование, каде министерката Мила Царовска се обидува да воведе програма за сексуално образование изработена во соработка со крајно левичарски организации како Хера, каде министерката долго време работеше. На крајот на минатата година Царовска најави дека пилот програма за сексуално образование изработена со помош на Хера ќе почне да се применува во четири училиште во Скопје и Тетово. Хера, која исто така е финансирана од Фондацијата на Сорос, долго време соработувала со Првиот скопски извиднички одред. По објавувањето на скандалот, и од Хера исто така се обидоа да се оградат од оваа организација, нарекувајќи ги „ентузијасти“ и „импровизатори“ кои „немале познавање од тематиката“. Но во објава на социјалните мрежи од 2019 година, од одредот им се заблагодаруваат на Хера што десет години ги поддржуваат нивните активности – што укажува на долготрајна соработка меѓу Хера и одредот. Од Хера инсистираат дека не го поддржале конкретниот настан, туку само обезбедиле информативни и едукативни материјали за организаторот.

И од Фондацијата Отворено Општество – Македонија потврдија дека финансиски ја поддржувале работата на извидничкиот одред, но сепак обвинувањата на нивна сметка ги прогласуваат за „комплетна невистина и дезинформирање на јавноста“, затоа што дале пари за наводни еколошки активности и неформална едукација, а не за извиднички камп за сексуално образование. Поради овие полу-деманти, веста која разоткрива дека организација финансирана од градот Скопје и од мрежата на Сорос организирала камп во кој деца биле сексуално малтретирани и понижувани, денес масовно се брише на социјалната мрежа Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.