По министерот за надворешни работи Никола Димитров, во кој упати отворени закани до „Република“ поради пренесувањето на веста од порталот „Инфомакс“, во која е објавен записник од исказот на сведокот во случајот на ОЈО „Рекет“, Орце Камчев, за кој и обвинителката Вилма Рускоска потврди дека е веродостоен, на Фејсбук се огласи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Ќе ја тужам „Република” за нејзините лаги, затоа што реакции до нив се непотребни и залудни. Сите знаеме дека, со секој од своите непотпишани текстови, си одработува за своите „непознати” газди.

Газдите ни ја крадеа државата, тие, пак, имаа задача да ја лажат. Лажат и манипулираат со јасна цел која ја гледаме на дело секој ден во судовите: да ги оневозможат, попречат или одложат сите постапки за криминалот, корупцијата и злоупотребите кои ги чувме во “бомбите” и видовме на дело претходните 10 години.

Создадоа мафијашка структура која одземаше фирми и уништуваше животи преку ноќ, која контролираше, уценуваше и плаќаше новинари, која знаеше само да потплаќа, купува и продава…и сега сака да избега од правдата и одговорноста. Што ќе прави? Истото тоа, но со повеќе лаги и повеќе пари.
Не успеаја досега. Нема ни сега!“ се вели во постот на Шеќеринска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.