Екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, е приведен и во моментов е на распит во полициската станица Карпош, дознава Република.

Како што дознаваме, Дончев е приведен по објавата на видео и аудио разговорите од профилот на јутуб со име “Лепливи прсти”.

Во видеото се гледаше како тој во торба става снопче паро изрекетирани од една компанија.

Во овој момент не е познато каде е пронајден од страна на полицијата и дали се обидел да бега.

По распитот во П.С. Карпош се очекува тој да биде изведен пред јавен обвинител и истражен судија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.