Лекот ивермектин, кој се користи за лекување на пациенти заразени со коронавирусот од утре пристигнува во Македонија. Агенцијата за лекови МАЛМЕД дала зелено светло на веледрогериите да може да го донесат во земјава.

Доктори епидемиолози апелираа лекот Ивермектин, кој кај нас со години се користел во ветеринарната служба, да стане дел од терапијата за лекување на пациентите со компликаци од корона вирусот, бидејќи студии од западните земји покажале дека тој дал одлични резултати.

Директорот на агенцијата Лирим Шабани вели дека ова е добра вест, бидејќи се работи за евтин лек, па не се знаеше дали ќе има заинтересираност за увоз.

Ивермектин е лек кој не се произведува во земјава, а тука не беше ниту регистриран. Комисијата за заразни болести даде одобрение за овој лек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.