Додека сме во подготвителната фаза пред поканата за почеток на преговори со Европската унија, ние треба да покажаме дека го имаме она што е неопходно за влез, односно владеење на право – го нема! Ова пред присутните граѓани на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел вечерва го потенцираше Гордана Силјановска Давкова.

Ние имаме овде владеење на една мала олигархиска група на луѓе која постојано се повикува на фантастичниот успех, наречен Преспански договор, ама во меѓувреме фантастично краде и го осиромашува овој народ. Нема владеење на право каде што нема поделба на власта, а во Македонија сета власт е на „Илинденска“, а внатре во „Илинденска“ сета власт е олицетворена во една личност – во премиерот. Тој е надлежен за сè од комуналните работи, па до судските реформи. Затоа нема децентрализација, рамномерен регионален развој, независно судство во Република Македонија, рече професорката.

Според Силјановска Давкова, она што се случуваше од чинот на нелегалниот и чуден избор на претседателот на Собранието до денеска, сè е за студија на случај во компаративното уставно право и политички систем – од чудниот закон за амнестија, преку измените на Кривичниот законик, до одлуката за референдум, до постапувањето по неуспешниот референдум – сè е надовор од владеењето на правото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.