Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во мај со 22 новозаразени и двајца починати бараше оставка од Наќе Чулев кој во тоа време беше министер за внатрешни работи, а денеска со близу 900 новозаразени дневно и близу 1.000 починати – молчи, потсети пратеникот Антонио Милошоски.

Корона-хипокризијата и СДСМ
Костадин (Струмица), на 16.мај: „Наќе е крив, одговорен за 22 заразени и 2 починати, мора да поднесе оставка”
Денес со 862 заразени дневно и близу 1.000 вкупно починати, пратеникот Коста молчи за одговорност и оставки. А само Струмица денес има 471 активен случај, преполна болница со Ковид-пациенти, а премалку медицински сестри.
Тешка хипокризија!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.