Во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово ќе има масовна вакцинација по примерот на салата „Борис Трајковски“, најави денеска Венко Филипче, министерот за здравство.

Овие градови ќе покриваат соодветни региони околу овие Здравствени домови кои што можат овај процес да го изменаџираат со кадар.

Филипче денеска соопшти дека најголема количина вакцини се очекува да пристигне од Кина, 200.000 дози, како и од други производители кои ќе бидат распределени во овој систем на вакцинација кој што се спроведува ширум државата.

Покрај во „Борис Трајковски“, пунктови за вакцинација има уше во три поликлиники во Скопје и во здравствените домови во 34 градови.

Според официјалниот сајт ковид19вакцинација.мк, досега се вакцинирни 29.263 луѓе од 155.297 регистрирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.