Денес се одржа ново рочиште во кривичниот суд за предметот познат во јавноста како Титаник. На рочиштето присуствуваа вкупно 38 лица, меѓу кои и 4 сведоци, кои беа повикани од страна на Обвинителството. Шестмина од присутните воопшто не носеа заштитни маски и ракавици.

Судењето се одржа во сала број 6 која има површина од 60 m2 и присутните седеа буквално еден до друг, вклучително и судиите и поротниците.
Значајно е да се истакне дека на рочиштето присуствуваше и лице кое истакна дека неговата сопруга е медицинско лице и дека неговото дете викендов имало температура 38.6, но поради страв од притвор после заканата од судијата на претходното рочиште истиот присуствувал без да се провери тој и неговото семејство. На истото рочиште поради закана од притвор присуствуваше и лице кое се грижи за своето малолетно дете и две лице со хронични заболувања.

Во Обвинителството, жена што работи со предметите кои секој ден ги земаат обвинителите, била позитивна на тестот за коронавирус, дознава Република од извори во судот.

Врховен суд под клуч, Апелација под клуч, наредбите на Рената Дескоска важат само за Кривичен. Таму нема никакви услови за одржување рочишта. Денешното рочиште е одложено за 2 април, значи само ги собрале „ да си покашлаат“, им го изложуваат здравјето на ризик на сите во салата и на сите членови на нивните семејства. Сите кои денеска присуствуваа на рочиштето сега ке се вратат дома и пак ќе се соберат на 2 април.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.