Во Кичевско-Бродскиот регион, во трите општини излезеноста на граѓаните е различна. Така, општина Македонски Брод и понатаму бележи рекордна излезеност и до 17 часот во оваа општина гласале 2.507 избирачи или 50,27 проценти.

Во општина Кичево излезеноста е во рамките на просекот, но над бројките од септемврискиот референдум.Така во оваа општина до 17 часот гласале 14.493 гласачи или 28,82 проценти. Споредено со бројките од септемврискиот референдум кога до 17 часот беше забележана излезеност 10.356 гласачи, или нешто над 20 проценти.

Во општина Пласница излезеноста е најниска во регионот и до 17 часот гласале само 12,4 проценти од граѓаните или своето демократско право го искористиле 602 граѓани.

– За малата излезеност во оваа општина причина е големото исселување и се помалиот број постојани жители. Така што малата излезеност не се должи на желбата на граѓаните да гласаат, туку постојаното иселување од регионот – вели Анел Мехмед претседател на ОИК за Пласница.

Во Општина Кичево излезеноста е слична како и на претходните претседателски или парламентарни избори, но повисока во однос на референдумското изјаснување во септември.

– Во нашата општина до 17 часот своето демократско право на глас го искористиле 14.493 гласачи или 28,82 проценти.Овие бројки се нешто повисоки за разлика од септемврискиот референдум, кога во истиот период своето право на глас го дале 10.356 избирачи, или беше забележана за осум проценти помала излезеност. Во наредните два часа очекуваме да се зголеми излезеноста – вели Мире Ночески потпретседател на ОИК за Кичево.

Извор: Нова Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.