Во изминатиоте 24 часа во Кичево има 18 нови заразени со корона вирус, а петмина се оздравено.

Според податоците на Министерството за здраство, вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 219 лице, од кои 133 се активни, 77 се излекувани, а девет лица се починати.

Денеска кај нас имаме навистина голема бројка дури 18 новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар, и се разбира дека со во изолација. За среќа пак имаме пет лица оздравено од корона вирусот, информира д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево .

Тој упати сериозен апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.