Повеќе од еден месец во Кавадарци се одвива попис на кучиња и мачки кои имаат сопственици.

Пописот е дел од повеќето активности кои ги спроведуваат Здружението на граѓани за заштита на животните „Шепи 2021“ и Општина Кавадарци, со цел намалување на бездомните животни.

До сега попишани се 254 кучиња и 112 мачки. Територијално е попишано село Ваташа и дел од градот. Некои од сопствениците не сакаат да ги попишуваат своите домашни миленичиња, со тоа што и тие се евидентираат како такви. Се работи на апликација преку која сопствениците ќе можат и сами да ги внесат своите нови домашни миленици во системот – велат од општината.

Велат дека во тие случаи, доколку миленикот биде затекнат сам надвор, имаат ингеренции за постапување.

И локални ветеринари за „Фокус“ откриваат дека не е мал бројот на сопственици на кучиња и мачки, кои не сакаат да ги пријават своите миленици. Се случувало да го затекнат кучето во нечиј двор, пред врата, но сопствениците негирале дека е нивно.

Тоа се случува кога некој сака да чува куче, а не сака да преземе одговорност. Најверојатно, ако се случи нивно куче да нападне некого, ќе негираат дека му се сопственици, со цел да избегнат соочување со последиците, односно плаќање на казна. Тој проблем посебно е застапен во малите населени места, каде во еден двор сме затекнувале и по две-три кучиња, а сопствениците креваат раце со зборовите дека сами им доаѓаат кучињата и не се нивни – раскажуваат ветеринарите.

Повеќе на „Фокус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.