Власта полека како да признава дека не може да се справи со последиците од корона вирусот. Ова посебнно се однесува за оние повратници од кризните региони кои задолжително мора да одат во изолација. Но, наместо сите сомнителни, во карантин се испраќаат само селектини повратници, како во случајот со музичарите.

Ситуацијата дека излегува од контрола се секојдневните нови случаи на коронавирус во Македонија. Властите речиси задоцнето реагираат како и за се останато во овие три години, а медицинскиот персонал речиси да е пред колапс. Кај истиот веќе се јавија и првите заболени поради негрижата на Министерството за здравство.

Сепак од Владата пред неколку дена апелираа дека нема место за паника!

На новинарско прашање пред една недела министерот за здравство Венко Филипче изјави дека сите што доаѓаат од Италија нема да подлежат на изолација.

-Тоа е невозможно, рече Филипче.

Професорот по безбедност Златко Кескоски преку социјалните мрежи апелираше дека владата доцни со мерките.

Докторирав во областа на кризен менаџмент. Уште ваква држава немам видено, пишува професорот за безбедност Златко Кескоски.

-Доцниме со мерки 10 дена, вчера објави Советот за Навионална Безбедност дека нема потреба од прогласување вонредна или кризна состојба во државата ( катастрофа ), а денес не можат да се договорат каква состојба треба да се донесе.
КАТАСТРОФА, ако нагло се зголеми бројот на заразени, а ќе се зголеми, сета одговорност лично ќе ја сносите вие, кои носите одлуки кои ќе земат животи без потреба. Ово го нема никаде, анализира тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.