Веќе нема дилеми кој е главата на октоподот и во чии раце изминативе три години се наоѓаше македонскиот правосуден систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека нема дилеми дека Зоран Заев беше и премиер, обвинител и Врховен судија кој одлучуваше за притвори, предмети, затворски казни и ослободителни пресуди за криминалци.
Политичкиот прогон изминатите три години се спроведуваше по директива на Зоран Заев. луѓе се апсеа во 5 часот наутро пред нивните фамилии. Уценувани и рекетирани беа политичари, пратеници и бизнисмени по наредба на еден човек, Зоран Заев. Зоран Заев е на чело рекетарската банда која 3 години ја пустошеше македонската држава. Сега веќе е јасно зошто Боро Марлборо беше ослободен по само три месеци затвор. Јасно е зошто Зоран Заев беше ослободен за случајот „Поткуп“ иако цела македонска јавност го виде како зема мито од 200 илјади евра. Јасно е зошто монтираните процеси за оние кои се спротивставија на бандата завршуваа експресно со осудителни пресуди, а зошто за оние кои станаа дел од криминалното здружување на чело со Заев добиваа ослободителни пресуди и рочишта кои нон стоп се одложуваат, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека крајот е близу ,се ближи 12 април, сите до еден ќе одговараат.
Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.