Во гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир, во изминатите седум месеци е зголемен бројот на породувања во споредба со истиот период минатата година.

Од почетокот на оваа година, па до крај на јули се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе, во однос на истиот период лани, кога биле реализирани 2.222 породувања.

Од болницата информираат дека и во услови на Ковид работата во оваа болница тече регуларно, односно болницата ги спроведува породувањата, како и сите прегледи и скринизи за фетусни аномалии.

Во нашата болница постојано се преземаат мерки за заштита од ковид-19, задолжително е носење маска, на пациентките им се мери температура на влез и дозволен е влез само на пациентката што е дојдена на преглед, додека придружбата чека надвор. Исто така, е задолжително носење заштитна опрема на вработените, се врши и зајакната хигиена и дезинфекција во собите и во ходниците, а се врши и почесто земање брисеви од работните површини и од воздухот – информираат од Гинекологија во Чаир.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.