Европратеници и членови на националните парламенти на земјите од Западен Балкан ќе одржат денеска разговори во Брисел за процесот на евроинтеграции и за политиката на проширување на ЕУ.

Парламентарците од Албанија, БиХ, Црна Гора, Македонија и Србија, вклучително и лидери на политички и парламентарни групи, ќе ги споделат своите ставови за предизвиците и перспективите на политиката за проширување на ЕУ со европските парламентарци.

Тркалезната маса за пристапување на Западен Балкан во ЕУ ќе ја отворат претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли и комесарот за проширување Оливер Вархеи.

Тоа ќе биде прва официјална посета на Вархеи на парламентот во Брисел, откако тој беше назначен за комесар.

На пратениците во Европскиот парламент и националните парламенти на земјите од регионот ќе им се обрати и до новоназначениот известувач на ЕП за Западен Балкан, Тонино Пицула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.