Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива процесот на извлекување на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација а денеска, од Дебар ќе биде извршен спровод на две лица соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираа дека во текот на вчерашниот ден, е регистриран еден случај на „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Имено, на контролниот полициски пункт кај охридското село Подмолје, сопрен е патнички автомобил „голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од С.М.(26) од дебарското село Отишани. Во возилото како сопатници се најдени О.И. (29), К.Н. (20), со две малолетни лица, сите од с. Долгаш, општина Центар Жупа, како и А.Џ. (20) од дебарското село Џепиште. По претходна консултација со Основното јавно обвинителство Охрид , лицата се се задржани и извршено е запознавање на судија за деца при Основниот суд Охрид и Центарот за социјални работи, чиј претставник се вклучи при работата со малолетните лица. Дополнително, извршено е запознавање на Центарот за јавно здравје по што, возилото со сите лица, под полициска придружба се спроведени до зоната за карантин во Дебар. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, наведоа од Министерството.

Од МВР информираа дека во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.