Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 797 и има околу 518 празни болнички кревети во ковид-центрите.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во Kовид-центрите во Скопје се хоспитализирани седум нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во Ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 58, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 29 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар шест позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.