На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 5 пациенти. Како што информираат од министерството за здравство, на клиниката се хоспитализирани вкупно 78 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.