Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 78 пациенти, од кои 50 се потврдени позитивни, 19 сомнителни и девет пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 32 пациенти, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.

Денеска има и осум оздравени пациенти испишани од болница со по еден негативен тест.
Споредено со изминатиот четврток 18 март имаше 58 хоспитализирани и 50 потврдени,а 28 беа на кислородна поддршка информира д-р Јованова.

Во текот на вчерашната ноќ почината е пациентка на 71 годишна возраст, од Велес, позитивна, лекувана на инфективно одделение четири дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.