Две момчиња вчера во Тетово се уапсени додека шверцувале кокаин во возило чиј  сопственик е инспектор на МВР.
Со наслов „Скандалозно” порталот Шкипмедиа објавува дека возилото кое се
користело за транспорт и продажба на дрога било сопственост на полициски инспектор
од Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Автомобилот веднаш по интервенцијата на полицијата го однесла во СВР Тетово, но по
интензивен политички притисок возилото не било задржано на соодветни проверки
или како доказ во постапката по што на сопственикот му било дозволено возилото да
ја напушти гаражата на МВР во Тетово.
Се работи за возило Пасат сива металик боја со регистарски таблички TE 99 ** AF
Според Шкипмедиа сопственикот на пасатот кој се користел за трговија со кокаин е
брат на висок функционер на ДУИ во Гостивар и шеф на изборна кампања на последните претседателски избори во Полог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.