Во синоќешното гостување во Алсат ТВ, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говореше за начинот на делување на обвинителството предводено од Вилма Рускоска во зависност од интересите на власта.

На наводите на новинарот дека „врз основ на еден исказ не може да се носат заклучоци во случајот Рекет“, Мицкоски одговори дека врз основ на само еден исказ од обвинетиот Александар Василевски – Нинџа, кој исказ е менуван три пати, Рускоска и Кацарска обвинија и осудија луѓе на вкупно 211 години затворска казна.

Дури во 1949-та година во најжестокиот комунизам, биле потребни минимум 2 искази за да се осуди некој политички затвореник. Сега, на Рускоска и Кацарска им беше доволен само еден исказ, менуван три пати, на еден обвинет во случајот со дебело криминално досие и човек кој и претходно е познат како „соработник“ на обвинителството, давајќи искази кои им одговараат на обвиненијата, без докази, без покритие, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.