Фатмир Лимани, член на Беса во интервју за „МКД.мк“говори за изборите за советници во општина Тетово, за успехот на Беса, за поразот на ДУИ и за понудената соработка кон Алијанса која тие ја одбиле. Лимани објаснува дека одбената коалиција била голема грешка што ја направиле Алијанса бидејќи заедно ќе имале 16 или 17 советници.

 Седнавме со нив, им рековме дека им даваме 50 отсто од листата, односно половина кандидати за советници од Беса, половина од Алијанса. И не само тоа, им понудивме власт во Тетово – 50 : 50. Но во Алијанса, исто како и во ДУИ, мислеа дека се многу јаки, дека се посилни од Беса. Им рековме дека многу од ограноците на Алијанса се приклонуваат кон нас. Имаа лоша прогноза, лоши теренски информации. Не го слушаа ниту тетовскиот огранок на Алијанса, кој беше за тоа да одиме заедно. Крајот е таков, секој лидер било да е на власт или е во опозиција, мисли дека неговите политики се исправни, а не на ограноците. Тоа е таа погрешна политика и погрешна проценка за која веќе кажав што мислам и колку се битни ограноците-вели Лимани за „МКД.мк“.

Лимани, кој е поранешен член на ДУИ, и внук на лидерот Али Ахмети, владеењето на партијата од Мала Речица го споредува со диктатура.

.Тие од врвот на ДУИ си играа со паметот, особено тоа беше видливо со „Зелената агенда”. Да не го заборавиме и тоа дека тие се долги 20 години на власт, а тоа веќе значи своевидна диктатура. Дваесет години! Па толку години дома нема да те трпат ако едно исто постојано зборуваш и на ист лош начин се однесуваш. Да не зборувам за празните ветувања од типот дека ќе направат тунел од Тетово до Призрен, потоа автопат од Гостивар до Кичево, па од Кичево до Дебар и да не ги редам многуте други ветувања кои беа само голи фрази. ДУИ со празните ветувања, со користењето на власта заради вдомување на фамилиите на функционерите се веќе целосно прочитани, во случајов од тетовци на кои низ годините ДУИ им излезе низ нос. Па тетовци најдобро ги познаваат луѓето од врвот на ДУИ. Пак ќе речам, диктаторскиот однос им се удри од глава, од односот на ДУИ кон Албанците. Каков е тој однос? Ако си со ДУИ добро е, ако си против ДУИ, а си Албанец, тогаш, надвор од земјава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.