Вечерва во „Клик Плус“ гостуваше заминик директорот на ЕЛЕМ, внук на Али Ахмети и член на ДУИ Фатмир Лимани, кој дебатираше заедно со политичкиот аналитичар Сефер Селими и со новинарот Фуркан Салиу на сите актуелни политички состојби во земјава.

Лимани даде оставка пред една недела од сите позиции во ДУИ, и се промовираше како независен канидат за градоначалник на Кичево.

Лимани имаше сериозни забелешки за новото раководство на ДУИ, и ги обвини дека работат за соединување на СДСМ, односно ДУИ и СДСМ да станат едно.

Не можам да кажам со сигурност дека Ахмети работи за спојување на ДУИ со СДСМ, но со неговите политики и постапки последните неколку месеци станува јасно дека Ахмети работи во таа насока. Затоа сум револтиран. Затоа има многу други членови на ДУИ кои се против ова спојување. Мислам на Муса Џафери, Изет Меџити, Садула Дураку, Блерим Беџети и други. Овие луѓе се против моменталните политики на ДУИ и против именувањата на функционерите на ДУИ во Влада, затоа што ниту еден од нив ги нема поминато партиските филтри, рече Лимани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.