Ве молам некој нека го прибери овој глупак, коментира внуката на реолуционерката Мирка Гинова, Билјана Гинова, за интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС.

Овој е толку неписмен, шо не смее да му се дава право да каже ништо повеќе од добар ден и пријатно. Ако толку си го сакате како лидер в партија, чувајте си го, ама, како премиер на држава е штетен и мора да се заќути!!
Сме чуле многу примери за ревизија на историјата, ама најчесто тие се прават во сопствен интерес, овој подлизурко, од шо е глуп и од шо го заболе за нас и за нашата историја, тоа го прави на наша штета!
Се помоча на сите кои го загубиле животот од бугарските фашисти и на нивните семејства кои сега слушаат како овој глупак ја обезвреднува и брише анти-фашистичката историја!, порача таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.