Најмалата внука на Гоце Делчев, Катерина Трајкова Нурџиева, во видео порака од 08.06.2018 година, многу јасно порачува дека Делчев и неговата фамилија секогаш биле посветени само на Македонија.

Катерина со солзи во очите вели дека Гоце Делчев ќе се превртува во гробот ако знае дека денес се водат преговори за тоа дека тој можеби и не е Македонец.

Таа вели дека Гоцен умрел знаејќи дека животот го дава за Македонија и во неговите зборови и мисли секогаш била само Македонија.

Сепак, од Бугарија се обидуваат да ги скријат и игнорираат вакците сведоштва на луѓе блиски до Гоце и според нив, ги интересирале пишани докази и документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.