Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван 20-годишен пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот. Ова е шестти познат случај во светот каде Ковид-19 развил ваква клиничка слика, велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек.

– Ова е реткост во светот и убава вест меѓу медицинските работници во установата кои со месеци секојдневно водат битки со Ковид-19. Тие се надеваат дека новиот ден ќе донесе помалку ново заболени. Вирусот е непредвидлив. Чувајте се, почитувајте ги мерките и заштитете се. Денеска, за првпат се регистрирани рекорди 336 оздравени пациенти, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.