Еден од сведоците во “Империја” е присутен овде денеска во својство на обвинител. Поради непостапување на Републичкото јавно обвинителство, Катица Јанева не е оддалечена од работата на обвинителството. Да не се криеме позади формално-правните недоречености во законот за СЈО. Внесување на наредби од притворено лице во правниот систем не е само преседан, туку и кривично дело, особено поради фактот за повторување на кривичното дело, истакна адвокатот Дончо Наков на денешната расправа за предметот на СЈО “Топлик” на која било побарано изземање на обвинителот Бурим Рустеми.

Тогаш барем барањето и решението за изземање на Бурим Рустеми да и го доставите во притвор на Јанева. Постои и писмо за оставка. Мандатот на Катица Јанева со таа изјава е завршен. Таа значи нема сопствена волја да застапува било кој предмет на СЈО. А денеска треба да ја застапува присутниот Бурим Рустеми, иако таа нема волја да биде застапувана. Постои и одредба во законот за СЈО, кој вели дека мандатот на ополномоштените обвинители не може да го надмине мандатот на специјалната обвинителка. Значи апсурдноста оди до таму што, притворско лице го води судењето, а има дадено наредба предметите на СЈО да бидат дадени на друго обвинителство, потоа дава оставка со што не постои егзистирачко полномоштво. И сето тоа од притвор. Не очекувајте ние адвокатите да бидеме соизвршители во таа постапка. Затоа барам од судот, сериозно да ги разгледа барањата и да донесе правно и правично решение, истакнал адвокатот Наков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.