Во врска со вчерашнто интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција БГНЕС, кое воглавно беше пречекано со голем број критики од македонската јавност, ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборуваше Заев за македонската историја, се вели во соопштението на партијата на Љубчо Георгиевски.

За жал она што македонската историографија требаше да го отвори во изминатите три децении на демократија дочекавме еден политичар во функција на премиер радикално да ни го соопшти.

Сите работи што ги зборуваше г-динот Заев согласно со објективната историја и согласно со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани само зборува колку македонското општество било индоктринирано.

Посебно ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со истата држава, наведува партијата на Георгиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.