Поранешниот функционер на СДСМ Ивор Мицковски реагира на изјавата на министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, според кој 10 години сите членови на СДСМ биле најдискриминирани граѓани во државата и „им беше забрането да се врабуваат во јавен и приватен сектор“.

После глупоста на Шекеринска имаш ова – Манчевски за вработувањата роднини на функционери: 10 години членовите на СДСМ беа најдискриминирани граѓани во државата.
Некои од нас драг Манчевски сме дискриминирани и како слободни граѓани, и тоа најчесто токму од вас.
ВМРО ми го уништува животот општо, вие конкретно, реагира Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.