За градоначалник на Охрид ќе се одлучува во вториот круг на локалните изботи, што ќе се одржи на 31 октомври. Во вториот круг влегоа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков и актуелниот градоначалник од СДСМ Константин Георгиевски.

Пребројувањето во Охрид е завршено, а од официјално достапните податоци од ДИК, Кирил Пецаков освоил 14380 гласа, а Константин Георгиевски 12460.

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде партија со најмногу советници во советот на Општина Охрид. 10693 гласови одат на сметка на ВМРО-ДПМНЕ, а 8.731 кај СДСМ. Советнички места во Општината ќе има и за Левица, која освои 1628 гласа. ДУИ освои 2349 гласа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.