Заев шири лажни вести, лажеше дека ја знае вистината за Монструм, лажеше дека ќе почнеме преговори со ЕУ во декември, и дека ќе добиеме вакцини во јануари, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Зоран Заев е најголем ширач на лажни вести. Со години шири лажни вести дека ја знае вистината за Монструм и дека лицата кои се во затвор не се вистинските убијци, за сега да негира дека тоа го кажал.
Заев кажа и излажа дека ќе добиеме почеток на преговори во декември. Преговори со ЕУ нема.
Власта се фалеше и лажеше дека ќе добиеме вакцини во јануари, вакцини нема. Цел регион се вакцинира, само кај нас уште не знаеме кога ќе стигнат вакцините.
Заев велеше дека ќе имаме плата од 500 евра. Плата од 500 евра нема.
Лага до лага кога Зоран Заев е во прашање.
Вети дека ќе имаме раст на економијата од 5%, покачени пензии и плати и излажа.
Заев лажеше дека ќе има бесплатно здравство. Бесплатно здравство нема. Се што кажа Заев излажа.
Политичката кариера на Заев се сведува на криминал, корупција и лажни вести, потенцираат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.