Тоа што Владата демантира, а не лично Зоран Заев ништо не и значи на јавноста, оти тоа е само ишкање на мувата од капата. Изјавата на турскиот бос Седат Пекер дека е пријател со Заев и се среќавал со него во неговиот дом, апсолутно нема никаква врска со владата. Патем овде владата не треба да ги демантира ставови и информации на медиумите или ВМРО-ДПМНЕ, туку треба да го демантира Седат Пекер, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот на краиштата не е ништо ново и скандалозно Заев да се сретнувал со лица од светот на криминалот, почнувајќи од Чауш, па преку десетици други фотографии за средби, па се до последната изјава за средба од самиот Седат Пекер. Овде се работи зборот на Пекер, против зборот на Заев, а искуството говори дека на Заев не може да му се верува. Јавноста веќе се навикна да го гледа Заев со раката на срце, како се колне дека ќе донесе живот, дека нема да го менува уставното име, дека идентитетот е забетониран, дека Рашковски со софтверот не направил ништо незаконско, дека вакцини ќе пристигнат во јануари, дека уште од 2018-та сме добиле датум и така натаму и така натаму, истакнуваат од опозициската партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.