Единствената политика која што Заев знае да ја води се националните отстапки, понижувањата кон македонскиот народ и држава, и националните предавства. Заев треба да клекне пред великанот Конески и да му се извини што му ги погани делата и ги предаде неговите залагања за татковината, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Јазикот е нашата единствена наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината” – рекол Блаже Конески.

Заев не само што се откажа од се она за кое Конески пишувал, сега коските на Конески се превртуваат да знае дека во неговата родна куќа бил Заев кој исплука се за кое што Коневски пишувал.

-За Заев луѓето од Петрич и Струмица зборат на еден јазик;

-Бугарите се ослободители на Македонија;

-Според Заев имаме заедничка историја со Бугарија, ама и Гоце Делчев е бугарин;

-Македонско малцинство нема надвор од Македонија;

-Заев се откажа од името Македонија;

-Заев ја претвори државата во тезга на која сега се распродава идентитетот на народот;

-Тој сега ја менува историјата и ќе впише уште едно предавство за лажирање на вистината.

-Денес сме во фаза каде на чекор сме да го изгубиме она за кое Конески пишуваше и јазикот македонски и татковината, благодарение на божемното душегрижништво на Заев за овој народ и држава.

Истата историја на која Заев денеска се повикува, но и се обидува да ја избрише од учебниците, но и за кои се труди да ги снема, целосно ќе му пресуди за неговите предавства и лицемерието пред македонските граѓани, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.